Бретања, Франција
Од вкупната површина на оваа област, шумите заземаат мал дел, а површините со зелени огради се доста застапени иако и кај нив се бележи тренд на опаѓање.
Првите експерименти со кратко ротирачките дрвени растенија – КРР датираат уште од 1998 година. Во 2004 година преку проектот Wilwater за здрава животна средина, засадени биле 100 хектари со врба, со цел да се тестираат различни параметри во производството, вклучувајќи го производството на енергија, наводнувањето со отпадна вода, прскање со муљ од канализација, заштита на сливот на водата за пиење. Резултатите од проектот покажаа дека одредени состојби комбинирајќи ги нивните различни примени, водат кон конзистентни политики за животната околина и поттикнување на локални партнерства. Тековниот недостиг на профитабилност на производството може брзо да се промени со зголемување на користењето на биомаса.
Обновливите извори на енергија учествуваат со 11% во вкупната потрошувачка на енергија во регионот. Енергијата добиена од дрвена маса претставува приближно половина од наведениот удел. Регионалната програма за енергија од дрво (имплементирана од Аиле од 2000 година) го промовира развојот на котли за дрвен чипс како поврзаноста на различните субјекти за снабдување со дрвена биомаса. Користењето на двената биомаса значајно се интензивира од 2010 година, при што до крајот на 2014 година биле произведени 2300 GWh. Поставени е цел, до 2030 година да се произведат 3800 GWh од дрвена биомаса.
Со производство на наменски посеви како што се КРР може да се обезбеди биомаса за овозможување непречено функционирање на котлите. Затоа SRCplus проектот претставува голема можност да се воспостават нови врски, синџири за снабдување со дрвена биомаса.