Регион Централна Македонија, Грција
Моментално во Грција нема значајни површини засадени со КРР, а развојот на КРР се темели на истражувачките активности. Поголем дел од овие истражувања ги спроведува Шумарскиот факултет, одделот за шумска генетика, Шумарскиот институт и партнерот на проектот (CRES). Но регистриран е недостаток на локални активности кои би укажале на важноста на КРР во земјоделството, индустријата и производството на топлина.
Исто така не постојат доволно информации за земјоделците во поглед на сортите КРР, технологијата на одгледување и потребната опрема. Моментално во Грција постои само еден пример за греење со дрвена сеча (општина Мегалополис), кој всушност не е во потполност оперативен. Главен извор на топлина претставува отпадната топлина од термо- електраните во околината. Дрвениот чипс се добива од дрвени трупци наменети за пазар. Тоа подразбира високи трошоци за купување на чипс и ризик за сигурноста на опслужувањето со дрвен чипс.
Промоцијата на КРР низ проектот SRCplus, во регионот ќе створи дополнителни решенија за фармите за зголемување на производството и заработувачката. КРР исто така ќе придонесе за диверзификација на посевите, подобрување на квалитетот на почвата и производната погодност на земјоделското земјиште. Производството на дрвен чипс во комбинација со ефикасно производство на енергија (топлина и CHP) се поддршка на националната политика за обновливи извори на енергија и производство на енергија, а истовремено и поддршка за постигнување на целите на ЕУ до 2020 година.