Источна Хрватска: Осијек – Барања и Вуковар – Срем жупанија
Идентификуваниот потенцијал за производство на КРР во Хрватска останува неискористен, а развојот на КРР ограничен е на експериментални и истражувачки активности, како истражувања на продуктивноста и агротехничките методи на одгледувањето. Моментално не постои голем интерес за снабдување на локалниот пазар со дрвен чипс добиен од КРР. Основниот проблем во Хрватска за производство на КРР претставува недостаток на податоци за погодност и достапност на почва за производство, недоволна соработка меѓу клучните актери, непостоење на пренос на знаења помеѓу земјоделците и истражувачките институции, недостаток на репродуктивен материјал и технологија на производство, недостаток на програма за информирање на јавноста, недоволно планирање за искористувањето на земјиштето и недоволна одговорност при обработката на земјиштето (BEE project, 2010).
Во рамките на SRCplus проектот, регионот Источна Хрватска го сочинуваат две жупании: Осјечко-Барањска и Вуковарско-Сремска. Регионот се карактеризира со плодни рамници кои се формирани по текот на реките Сава, Драва и Дунав како и неколку нивни помали притоки. Поголемиот дел од регионот е низински со исклучок на малите висини на источниот и западниот дел. Најголем град и економски центар на регионот е Осијек кој има 108,048 жители. Структурата на почвата и климата се поволни за земјоделско производство и затоа овој регион претставува најважен земјоделски регион во Хрватска.
Во овој регион функционира една когенерација на остатоци од дрво- преработувачката индустрија и дрвен чипс од претпријатијето Хрватски шуми. Но, поради државните пртреби за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија и поволните цени, интересот за производство на електрична енергија од биомаса расте.
Заклучно со Април 2014 година во регионот се планираат дополнителни 14 когенерации на дрвена биомаса (Регистер OIEKPP, Министерство за стопанство) инсталирана вкупна снага 40.86 MWel. За тоа време само три инвеститори потпишале договор со Хрватски шуми за откуп на дрвен чипс. Доколку дојде до реализација на сите проекти, дрвениот чипс за наведените когенерации ќе може делимично да се добива од КРР. Меѓутоа потенцијалот на користење на КРР кај помалите корисници за греење, не треба да се занемари, туку треба подетално да се истражи.