Горна Баварија: Ахентал, Германија
Во Германија, приближно 9000 хектари се користат за производство на КРР (FNR 2013; сите растенија за цврсто био гориво: 11,000 хектари). Овие податоци покажуваат дека многу мал дел од вкупното земјоделско земјиште се користи за обновливи извори (2,4 мил. Хектари) и уште помал дел мерено во вкупна енергија произведена од нив. Пресметано е дека погодна површина за производство на КРР е до 1 милион хектари. Со оглед на позитивните економски резултати на земјоделско земјиште со низок квалитет (маргинално земјиште), позитивните ефекти од КРР врз природата се признати и од страна на повеќе големи Германски организации кои се занимаваат со заштита на животната средина и природата.
И покрај слабиот развој на КРР, одредени локални синџири за снабдување се воспоставени и се оформени претпријатија кои се занимаваат со давање услуги поврзани со КРР. Многу истражувања, поддржани од национални програми се реализирани во овој сектор преку проектите: ProLoc, FastWood, AgroForNet, AgrarForstEnergie, AgroWood, ELKE, Dendrom Novalis and Agroforst. Но и покрај очекуваните истражувачки резултати, конкретна имплементација и пренос на искуства, сеуште недостасуваат. Горна Баварија се наоѓа во југоисточниот дел на Германија, граничи со Австрија и Чешка. Земјоделството е главен сектор во регионот.
И покрај утврдениот недостаток на КРР во Горна Баварија, во регионот се воспоставени синџири за снабдување, како и претпријатија кои се занимаваат со одгледување на КРР. Сепак овие позитивни примери често пати не им се познати на земјоделците, сопствениците на јавно земјиште и на претпријатија кои тргуваат со биомаса. Тоа всушност го ограничува развојот на нови плантажи со КРР. Ахентал е регион сместен во Горна Баварија каде се одвиваат многубројни активности поврзани со енергија добиена од биомаса. И покрај постоење на голем потенцијал, моментално во Ахентал постојат само неколку мали плантажи (една од 3 хектари и една од 0,2 хектари).