Злин регион, Чешка Република
Цврстата биомаса е важен стратешки извор на енергија во Чешка за постигнување на целите за обновливи извори на енергија на Европската Унија. Моментално во Чешка постојат неколку плантажи со КРР. Регионот на Злин е сместен на југоисточниот дел од Република Чешка. Поголемиот дел од земјиштето во овој регион има послаб квалитет (маргинално земјиште), со исклучок на долините покрај реките. Скоро 49% од земјиштето е земјоделско земјиште. КРР не се одгледуваат воглавно заради не - технички бариери. Но во Злин регионот се развива пазар за биомаса. Така на пример од 28 когенерациски постројки, 6 користат двен чипс за согорување. Побарувачката за дрвен чипс во регионот расте при што истиот се набавува од регионот и се увезува од други региони. КРР би придонесле во зголемување на уделот во локалното производство на биомаса и на тој начин би се задржале приходите во регионот. Според спроведени истражувања, идентификувани се 3 прикладни подрачја за производство на КРР од 20 хектари (вклучувајки ја зоната на градот Холешов, селото Јарцова и селото Хостетин). Освен тоа, се појави можноста за изградба на нова когенерација за индустриската зона на градот Хлешов. Новата плантажа со КРР во наврденото подрачје би била солиден пример за зголемување на енергетска независност, одржливост и вклученост на обновливи извори на енергија во регионот.